May 14, 2026
1

„Ателје Соња и Марија“ за новата колекција 2026

Ексклузивно: Сестрите од „Ателје Соња и Марија“ со модна колекција што ќе ја одбележи 2026!

– Вашата нова колекција веќе предизвика огромен интерес. Од каде дојде инспирацијата?
Нашата инспирација ја пронајдовме во вечната убавина на љубовта и во романтичните улици на Мдина, Малта. Тоа е место каде историјата и модерната елеганција се преплетуваат – исто како и во нашите венчаници.

– Каков е духот на колекцијата? Што може да очекуваат невестите?

Колекцијата носи спој од елеганција, историја и современ сјај. Секоја венчаница е рачно создадена со страст, прецизност и љубов, за невестата што сака да блесне со природна грациозност, но и со модерен допир.



– Кои детали ја прават посебна?

Во секој детаљ се чувствува светлината на Малта – топлината, нежноста и приказната за вистинската љубов. Сакале да направиме модели што не само што се носат, туку се доживуваат.



– Ќе ја видиме ли оваа колекција на Wedding Expo Skopje?

Да – и тоа во голем стил! „Ателје Соња и Марија“ премиерно ќе ја претстават новата колекција на Wedding Expo Skopje, каде посетителите ќе можат одблиску да ги видат сите модели.
Дополнително, колекцијата ќе биде претставена и со ексклузивна модна ревија, која ја подготвуваме специјално за саемот.