April 25, 2026
Ивона Јо на Саемот за венчавки во креација на Екатерина Атеље

Ивона Јо на Саемот за венчавки во креација на Екатерина Атеље

Неколку дена по празниците, пејачката Ивона Јо ги изненади своите следбеници со емотивна објава на Инстаграм. Во видеото, таа го покажа свршеничкиот прстен додека заедно со својот избраник, Кико Тодоров, се држат за раце, танцуваат и разменуваат нежности.

„Најлесното ДА“ – напиша Ивона, со што веднаш ги потврди гласините дека љубовта е крунисана со свршувачка.

Интересно е што токму Ивона минатата година беше дел од ревијата „Позна­тите во венчаници“ на свадбениот саем, каде блесна на пистата во невестинска креација.

Симболиката не помина незабележано кај нејзините обожаватели – можеби токму таму, меѓу венчаниците, љубовта доби уште посилна форма. Дали повторно ќе ја видиме на ревија, останува да видиме, но едно е сигурно – Ивона оваа година ќе ја сретнеме на саемот, овојпат како невеста што ја планира сопствената свадба.

Видеото со сврешничкиот прстен на Ивона Јо

По видеото, следуваше и фотографија од моментот на запросувањето, со јасна порака во позадина: „Омажи се за мене“. Честитките не изостанаа – бројни пријатели, колеги од естрадата и фанови ѝ посакаа среќа и љубов на двојката.

Изгледа дека за Ивона, сцената и животот годинава ќе се испреплетат на најубав можен начин!