April 25, 2026
гг

„Си добивме зет“: Ѓоко Ѓорчев со радосна вест – се мажи неговата ќерка

Македонскиот пејач Ѓоко Ѓорчев сподели радосна семејна вест на социјалните мрежи, откривајќи дека наскоро ќе ја мажи својата ќерка.

„Си добивме зет“, напиша популарниот интерпретатор, кого пријателите често го нарекуваат „македонскиот Том Џонс“, предизвикувајќи бројни честитки и убави реакции.

На фотографиите што ги објави Александра, таа позира со идниот сопруг и гордо го покажува вереничкиот прстен, со што официјално ја сподели радоста со јавноста.

Пред младенците сега започнува највозбудливиот дел – планирањето на свадбата. Инспирација, идеи и конкретни решенија за големиот ден можат да се најдат и на Саемот на венчавки, каде на едно место се собираат најдобрите свадбени професионалци, трендови и ексклузивни саемски понуди.

Им посакуваме долг, среќен и исполнет заеднички живот.