Антониа Гиговска во креација на Дејан Сидор
На 14-тиотСаем за венчавки кој ќе се одржи овој викенд во Х.Александар Палас, публиката ќе доживее вистинска сензација – блескавата Антониа Гиговска ќе се појави во улога на модел на ексклузивната ревија”Познатите во венчаници” како модел на врвниот креатор Дејан Сидор.

Антониа Гиговска, една од најмоќните и најхаризматични музички ѕвезди на новата генерација, со својот раскошен вокал, природна елеганција и впечатлива сценска појава, ќе заблеска во најромантичното издание досега – во венчаница. Нејзината софистицираност, стил и самодоверба ја прават совршена муза за модната визија што ја носи Сидор.
Дејан Сидор, препознатлив по својата беспрекорна креативност, врвен крој и луксузни детали, важи за еден од најиновативните и најпрефинети дизајнери кога станува збор за свадбена мода. Неговите креации се вистински уметнички дела – комбинација од современ гламур, прецизна изработка и безвременска естетика. Токму затоа, спојот меѓу Гиговска и Сидор ветува спектакл со највисок моден и емоционален интензитет.

И како круна на вечерта – по модната прошетка, Антониа Гиговска ќе приреди и ексклузивен музички настап, исполнет со енергија, емоции и незаборавна атмосфера.
Дали сме подготвени да ја видиме Антониа Гиговска во бело?
Овој пат – на пистата. Но со вистински невестински сјај.
Влезниците за саемот се достапни на МКтикетс и на самиот влез на Х.Александар Палас