тејл

Свадбата на Тејлор Свифт и Тревис Келси

…се претвори во една од најследените теми во светските медиуми. Иако парот официјално не ги потврдува сите детали, американските медиуми пишуваат дека големата прослава треба да се одржи во Madison Square Garden во Њујорк, со силно обезбедување, затворени улици и гости од самиот врв на музиката, спортот и Холивуд.

Најмногу внимание деновиве привлече информацијата дека гостите добиле електронски покани, но пред да ги видат деталите за настанот, морале да се согласат на договор за доверливост. Според пишувањата на Us Weekly, поканите биле испратени дигитално, а секоја била персонализирана со име на гостинот, за да се спречи јавно споделување и полесно да се открие евентуален извор на протекување информации.

Но, приказната доби уште поинтересен пресврт

…откако Page Six објави дека Тејлор и Тревис не барале NDA од најблискиот круг пријатели и семејство. Причината, според изворите, е едноставна: тие луѓе веќе ја имаат докажано својата лојалност и знаат како да ја чуваат приватноста на парот без формален документ. Некои од нив дури самите понудиле да потпишат договор, како знак на поддршка.

Ова не значи дека свадбата е без правила. Напротив, целата организација изгледа како операција со максимална дискреција. Дел од медиумите пишуваат дека договорите за доверливост немаат парични казни, туку повеќе служат како јасен потсетник дека деталите од денот не треба да завршат на социјалните мрежи или во таблоидите.

Њујорк блокиран поради свадбата на Тејлор Свифт и Тревис Кели, се споменува затворање улици околу „Медисон Сквер Гарден“

Се шпекулира дека прославата ќе трае два дена —

помала вечера за околу 100 гости и поголем настан за околу 1.000 гости. Во Њујорк веќе се пишува за засилено обезбедување околу Madison Square Garden, со повеќе од 100 полицајци дневно, затворени улици и специјални мерки за контрола на толпата.

Светските медиуми ја нарекуваат оваа свадба „настан на годината“, но токму начинот на кој парот ја контролира приватноста покажува дека Тејлор Свифт не сака свадбата да се претвори во реалити шоу. Иако е една од најпознатите жени во светот, очигледно сака барем дел од најважниот ден да остане надвор од јавноста.

Затоа и одлуката да не се бара NDA од најблиските не е случајна.

Таа покажува дека за Тејлор довербата не се мери само со потпис, туку со години пријателство, почит и молчење кога тоа е најпотребно.

Ако шпекулациите се точни, ова нема да биде обична свадба на славни личности. Ќе биде внимателно режиран, строго чуван и веројатно спектакуларен настан, во кој секој детаљ е планиран — освен можеби она што најмногу ја интересира јавноста: колку од сето тоа навистина ќе успееме да видиме.

About The Author