1

Џордин Вудс и NBA ѕвездата Карл-Ентони Таунс направија гламурозна свадба на приватен имот покрај океанот во Малибу, а листата на гости звучеше како црвен тепих во Холивуд. Двојката се венчаше на 15 август, по повеќегодишна врска и свршувачка на крајот од 2025 година.

Невестата носеше впечатлива венчаница по мерка од Danielle Frankel, а подоцна се пресоблече во уште еден романтичен модел од чипка. Младоженецот избра елегантен Ralph Lauren смокинг. Прославата вклучувала 15-член бенд, дури четири свадбени торти, а вечерта завршила опуштено – со In-N-Out бургери под ѕвездите.

Wedding Expo Skopje 2027 – јубилејно 15-то издание!

Меѓу гостите беа Кајли Џенер и Тимоти Шаламе, Џастин и Хејли Бибер, Мајкл Б. Џордан, Џејда Пинкет Смит и Бен Стилер, како и бројни NBA ѕвезди. Гостите главно го следеле црниот dress code, додека Џордин била единствената во бело.

Свадбата веќе се издвојува како една од најгламурозните celebrity венчавки ова лето – комбинација од класична елеганција, Холивуд и модерна bridal мода.

About The Author