Само еден месец по свадбата со Тревис Келси, Тејлор Свифт се појави со значително пократка коса – потег што Vogue го нарекува дел од сè попопуларниот „post-wedding hair chop“ тренд.
Пејачката ја скрати долгата руса коса до должина околу рамениците, задржувајќи ги препознатливите шишки. Новата фризура е варијанта на модерниот clavi-cut, односно слоевита фризура што завршува околу клучната коска.
За многу невести кратењето на косата по свадбата станува мал симболичен ритуал – по месеците во кои ја пуштале косата за свадбената фризура, следува нов изглед и чувство на нов почеток.
А кога трендот ќе го прифати и Тејлор Свифт, сосема е можно оваа фризура да стане една од најбараните оваа есен.