Македонската Ева блесна во Виетнам: самоуверено ја освои модната писта на Мис на светот
Ева Величковска, македонската претставничка на изборот за Мис на светот, се појави на модната ревија во рамки на Vietnam Beauty Fashion Fest XVI, каде покажа самоувереност и одличен манекенски став.
Ева прошета во впечатлива сива креација со црвени детали, голем цвет на градите и шапка, а ревијата се одржа под мотото „Да го раззелениме светот“. Креациите биле дело на познати виетнамски модни дизајнери.
Пред настапот, 20-годишната Ева објави и фотографии со својата цимерка, Мис Хрватска, со која позираа во своите модни изданија.
Македонската претставничка продолжува со активностите во Виетнам, каде се натпреварува со девојки од целиот свет за престижната титула.