Алесандра Амбросио покажа како изгледа „rich mum“ стилот: Ова е комбинацијата што ќе ја копираме есенва
Не мора секогаш да има спектакуларен фустан и високи потпетици за еден изглед да привлече внимание во Венеција.
Алесандра Амбросио пристигна на Лидо со комбинација која на прв поглед изгледа едноставно, но токму во тоа е нејзината моќ: краток и лесен тренч, широки кроени панталони, црн топ и рамни mesh балетанки. Vogue Italia изгледот го опишува како совршен пример за актуелниот „rich mum style“. 
Што всушност е „rich mum style“?
Името може да звучи малку претенциозно, но суштината е едноставна: облека што изгледа луксузно без да изгледа како премногу да сте се труделе.
Наместо огромни логоа и впечатливи трендови, фокусот е на добар крој, квалитетни материјали, неутрални бои и неколку внимателно избрани детали.
Токму тоа го направи и Амбросио.
Краткиот тренч е мек и лесен, речиси како кошула, додека широките панталони внесуваат доза на елеганција без да ја жртвуваат удобноста.
А балетанките повторно имаат главна улога
На нозете Александра носеше nude mesh балетанки – целосно рамни, лесни и речиси невидливи.
Ова е уште еден доказ дека удобните обувки веќе одамна не се резервирани само за секојдневни комбинации. Mesh моделите остануваат актуелни и во преодниот период, особено кога се комбинираат со класични панталони и добар тренч. (Vogue Italia)
Деталот што го направи целиот изглед
Но најинтересен е свилениот шал врзан околу главата како марама.
Во беж и црни нијанси, тој му даде ретро нота на целиот стајлинг, а воедно има и практична улога при возењето со брод низ Венеција.
Голема кожна tote чанта, тениски ланче и уште едно ланче со срце го комплетираа изгледот.
И токму тоа е формулата која вреди да ја запомниме за септември:
лесен тренч + широки панталони + едноставен топ + рамни балетанки + добар аксесоар.
Ништо комплицирано, а изгледа исклучително средено.