Џорџ Клуни вечерва го доби Златниот лав за животно дело.
Првиот вистински red carpet е за премиерата на „Ink“ на Дени Бојл, со која официјално се отвори 83. Венециски филмски фестивал.
Црвениот тепих во Венеција конечно се наполни со вечерни фустани, а Амал Клуни веднаш го презеде вниманието.
За отворањето таа избра црн долг фустан изработен специјално од Haider Ackermann за Tom Ford – прилепен, со набирања и многу тенки прерамки, минималистички, но исклучително гламурозен. До неа, Џорџ Клуни беше во класичен Giorgio Armani смокинг. Reuters ги потврдува како едни од главните гости на официјалниот opening red carpet вечерва.

Причината за нивното присуство беше уште поголема – Џорџ Клуни вечерва го доби Златниот лав за животно дело.

Меѓу првите модни имиња што веќе се појавија на вечерниот тепих се и Џонатан Бејли во Giorgio Armani и Нина Добрев во Armani Privé. На отворањето се појави и моделот Стела Максвел, додека претходно денес претседателката на жирито Меги Џиленхол го отвори официјалниот дел во црн костум од The Row, а Клер Фој избра Bottega Veneta.



