April 25, 2024

Парот венчавката ја направи во црквата Св. Богородица во Скопје, а потоа хрватските и македонските сватови заминале во ресторан, каде ги забавувала групата Анета Молика. За првиот танц Давид и Елена одбрале хрватска песна, а потоа Давид ја отпеа „Илузија“ од Тоше со што и ја посвети на неговата сопруга.

Атмосферата се загреала кога Давид го зел микрофонот во рака па ја запеал „Ја немам више разлога да волим“ во дует заедно со Анета.Неодамна парот даде интервју за магазинот „Глорија“ каде тогаш откри дека планираат голема свадба во Македонија.

Иако во план биле две свадби, сепак на крај двојката се одлучила да направи свадба во Македонија. Венчаницата на Елена и била купена уште пред пет месеци, совршената раскошна венчаница е дело на атеље Жана венчаници.

„Се договоривме нашата свадба да ги обедини Хрватска и Македонија и нашите традиции. На почетокот планот беше едната свадба во Истра, а другата во Македонија, но на крајот сите се договоривме дека ќе биде во Македонија и тоа не беше моја иницијатива, туку од страна на невестата“, откри Давид во интервјуто.

Елена додава дека гостите од Хрватска ќе останат една недела и иако било во план 20 гости, на свадбата ќе дојдат 80.

Нивната љубовна приказна започна во 2015 година, на концертот на Тони Цетински во арената во Пула. Елена, која тогаш беше Мис Истра, по убедување на пријателката отишла на афтер-забава, каде Давор Гариќ ја запознал со Давид. Оттогаш почнала љубовта на релација Хрватска-Македонија, секојдневни патувања, истечени пасоши, љубов на далечина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *