“Дарко и Теа – два програмери чии кодови се споија во еден – и сега, двајцата се во една вечна љубовна програма. Нивната свадба е како перфектен код, секој детал внимателно промислен и изработен, а секој момент има вредност на најубавата бајка. Прекрасната Теа носеше венчаница од една од најкреативните модни дизајнери во Македонија “Пепика Атеље”.
Свадбата ја правеа во х. Мирор, а се забавуваа со Либеро бенд. Дарко со својот изглед потсетуваше на италијански модел, а оделото е дело на Тивес. За прекрасните фотографии му благодариме на Баба 3д студио.
Дарко и Теа, нека вашиот живот заедно биде без грешки, а вашата љубов никогаш да не исчезне од меморијата! Ве сака вашата Во Бело💻💍🎉