Девојката на Леонардо ди Каприо ја „разголи“ Венеција: Виторија Черети во фустан што блескаше како накит
Виторија Черети имаше еден од оние моменти на Венецискиот филмски фестивал кога фустанот практично ја презема целата сцена.
28-годишниот италијански супермодел, која веќе околу три години е во врска со Леонардо ди Каприо, се појави на црвениот тепих на 3 септември во впечатлива Armani Privé креација со „naked dress“ ефект. 
Кристали наместо класичен корсет
Горниот дел на фустанот беше речиси целосно проѕирен, покриен со густо поставени кристали кои создаваа илузија дека накитот е поставен директно на кожата.
Долниот дел, пак, беше изработен од темен кадифен материјал во права column силуета, со што драматичниот горен дел доби многу почиста и поелегантна рамнотежа.
Виторија изгледот го надополни со накит од Boucheron и Crivelli и отворени Amina Muaddi потпетици. Косата ја носеше мазна со длабока разделба на страна, додека шминката остана во пригушени mauve нијанси.
А Леонардо?
Ди Каприо не беше со неа на овој црвен тепих, што и не е необично за парот – двајцата долго време ја чуваа врската далеку од официјални celebrity појавувања.
Сепак, годинава направија голем чекор: на Оскарите 2026 за првпат присуствуваа заедно на големо доделување награди, иако Леонардо повторно не позираше со неа на самиот red carpet.
Според извор цитиран од InStyle, врската со Виторија наводно е посериозна од некои негови претходни романси и актерот гледа „сериозна иднина“ со неа, иако засега нема најави за брак. 
Виторија не е само „девојката на Лео“
Иако таблоидите најчесто ја претставуваат преку врската со Ди Каприо, Виторија Черети е едно од најпознатите италијански лица во високата мода и со години работи со најголемите светски модни куќи.
А во Венеција овојпат беше доволно да излезе сама на црвениот тепих за да покаже дека не ѝ е потребен Леонардо покрај неа за да го добие вниманието на фотографите.