March 2, 2024

Во светот на љубовта и емоциите, Јована (Инфлунсер) и нејзиниот вереник Петар, создадоа своја уникатна приказна. По десет години врска и споделување најубави моменти на животните приказни, Петар одлучи дека е време за следниот чекор.
Романтичниот предлог и запросување во Истанбул беше само почетокот на нивната уште поубава приказна.
Забавата по повод веридбата се случуваше во нивниот ресторан во Прилеп кој иако сеуште неотворен изгледаше гламурозно и перфектно уреден.
Со црната боја како доминантна и минималистички примеси на златно, Јована и Петар ги остварија своите мечти за свршувачката. Со црниот тепих кој ги дочека гостите на влезот во ресторантот, оваа свадба наликуваше на официјален настан, каде целиот амбиент говореше за нивната елеганција и стил.
Јована изгледаше спектакуларно во свечена црна тоалета, креација на Atelier Maksimova. Декорот на салата е во замисла на Јована, а во изведба на Дијана Милевска Арт.


За благите работи беа ангажирани ММсвит од Битола, а за фотографиите Никола Коцев.


Во текот на целиот настан парот ширеше својата радост со најблиските, а со целосна црно-златна тематика и внимателно избрани детали, нивната веридба стана еден незаборавен настан. Парот кој се здружи во љубов, ја прослави својата веридба со своите најблиски, а нивната приказна продолжува со секој нов чекор кој го прават заедно.


Наскоро го очекуваме и датумот за свадба, Јована ни откри дека венчаницата со сигурност ќе биде Бела. Можеби нашата прекрасна инфлуенесрка ќе ја имаме и на Саемот за венчавки како модел на ревијата “Познатите во венчаници” 💖🖤✨