Зендеја го украде црвениот тепих, Селена блесна како статуетка: Најдобрите модни моменти од Еми 2026
Еми наградите можеби се доделуваат за телевизиски достигнувања, но синоќа во Лос Анџелес една друга битка беше речиси подеднакво интересна – кој ќе го освои црвениот тепих.
На 78. издание на Еми наградите, старохоливудскиот гламур се врати во голем стил: свила, кристали, пастелни тонови, металик ефекти и фустани што изгледаа како да се создадени специјално за фотографирање под светлата.
Зендеја – повторно без конкуренција
Кога станува збор за red carpet моменти, Зендеја ретко греши.
Овојпат се појави во custom Prada тоалета со проѕирен ефект, кристални детали и сребрена светлина, дополнета со Mikimoto накит. Новата кратка pixie фризура само го направи изгледот уште помодерен. 
Селена Гомез – буквално златна
Селена избра златен Louis Vuitton фустан без прерамки, со чиста, издолжена силуета и Tiffany & Co. накит.
Наместо тежок glam, таа одеше со помека шминка и долга пуштена коса – комбинација што направи самиот фустан да биде главната ѕвезда. 
Никол Кидман – Chanel романтика
Никол Кидман се појави во бела Chanel креација со bustier конструкција и рачно изработени цветни детали.
Фустанот бил украсен со 46 цветови изработени од свилен креп, органза и рафија – моден момент што изгледаше нежно, но многу луксузно. 
Ела Фанинг – пастелна елеганција
Ела Фанинг повторно покажа дека не ѝ треба драматичен фустан за да привлече внимание.
Во Ralph Lauren Collection, таа избра светол, мек тон и едноставна силуета која потсетува на стар Холивуд, но изгледа сосема современо. 
Ајо Едебири – Chanel со изненадување
Ајо Едебири носеше Chanel во нежна сино-виолетова нијанса, но со силен црвен акцент на задниот дел – необична комбинација која токму поради контрастот изгледаше свежо и модерно.
Wedding Expo Skopje 2027 – 15 години љубов, стил и инспирација.
Џулија Гарнер – модерна минималистичка драма
Во Loewe, Џулија Гарнер покажа дека минимализмот не мора да биде досаден.
Чиста форма, силна силуета и доволно моден став за да се најде меѓу најдобро облечените на вечерта.
Чејс Инфинити – ново модно име за следење
Во Louis Vuitton, Чејс Инфинити беше една од помладите ѕвезди што привлекоа внимание со современ, полиран изглед.
Нејзиното појавување дополнително покажа дека црвениот тепих на Еми повеќе не е само за етаблирани fashion икони.
А мажите?
И тие имаа што да покажат.
Колман Доминго повторно беше меѓу најсмелите, во custom Valentino комбинација со портокалова јакна, бели панталони и розов појас – доказ дека машката црвено-тепих мода конечно престана да биде само црн смокинг.
На крајот, Еми 2026 покажа едно: гламурот се враќа, но не како копија од минатото – туку со повеќе карактер, боја и личен печат.
А ако треба да избереме една победничка на црвениот тепих?
Зендеја повторно беше чекор пред сите.