Таа е нашата “Емили во Париз” прекрасна, преубава невеста која ни доаѓа од Охрид. Емилија Костоска живее повеќе години во Франција, а е по потекло од Охрид-Македонија.
Таа иако живее во лулката на модните збиднувања, својот избор за венчален фустан го направи токму кај нас, (ни кажаа од Монсоло Коутуре) За овој специјален ден, изработивме две комбинации кои совршено ја одразуваа нејзината уникатност и стил.
Првата комбинација беше наменета за регистрацијата – софистицирана и елегантна, која совршено се вклопуваше во амбиентот на регистрацијата.
Втората комбинација беше венчаницата за свадбената прослава, со доза на гламур и раскош, што ја направи Емилија да блеска како вистинска принцеза на својот голем ден.
Венчавката на Емилија беше вистинска прослава на љубовта, стилот и грациозноста, каде секој детаљ беше внимателно избран за да го одрази нејзиниот карактер и вкус.
Честитки и од нас за нашата Емили од Париз, а воедно сме горди како организатори што и оваа година светскиот бренд за уникатни венчаници Монсоло ќе биде дел од нашиот саем за веначвки, каде и вие драги идни невести ќе можете да ја одберете вашата венчаница.
Галерија