Justin-and-Hailey-Bieber

Ги разведуваа безброј пати, а тие слават 8 години брак: Џастин и Хејли со интимни фотографии

Со години таблоидите пишуваат за наводни кризи, разделби и проблеми во нивниот брак, но Џастин и Хејли Бибер имаат свој одговор – осум години заедно како сопружници.

Џастин ја одбележа годишнината со серија романтични фотографии со Хејли и порака: „8 години до бесконечност. Нови почетоци. Те сакам, душо.“ Хејли ја сподели објавата со едноставно „8 години“.

Двојката тајно се венча во Њујорк на 13 септември 2018 година, а една година подоцна организираше голема свадбена церемонија во Јужна Каролина. Во 2024 година го добија и првото дете, синот Џек Блуз.

Wedding Expo Skopje 2027 – 15 години љубов, стил и инспирација.

Последниве недели двајцата се особено отворени кон јавноста – неодамна позираа и во прилично интимна фотосесија, а сега со новите фотографии повторно покажаа дека, барем судејќи според она што го споделуваат, љубовта е сè уште тука.

По сите гласини за нивниот брак, можеби најдобриот одговор е токму бројката:

8 години – и тие сè уште избираат еден со друг.

 

About The Author