Phoebe-Dynevor-Bachelorette-

 

Невестата од „Bridgerton“ конечно кажа „да“: Фиби Дајневор се омажи во Прованса

Фиби Дајневор, ѕвездата која ја запознавме како Дафне во „Bridgerton“, и официјално стана невеста.

31-годишната актерка се омажила за Камерон Фулер на 5 септември, на интимна церемонија во Прованса, Франција. Свадбата се одржала во Le Mas des Poiriers, имот од 18 век во близина на Авињон, опкружен со зеленило и типичен француски пејзаж.

На церемонијата присуствувале семејството и блиските пријатели, а меѓу гостите биле и неколку познати лица, меѓу кои Логан Лерман, Кол Спроус и Кирнан Шипка. По размената на заветите следувале вечера, пијалаци и танцување до доцна во ноќта.

Фиби и Камерон се запознале во 2023 година за време на Sundance, кога таа го промовирала филмот „Fair Play“. Се свршија во 2024, а Фиби тогаш го покажа дијамантскиот прстен на Met Gala.

Wedding Expo Skopje 2027 – 15 години љубов, стил и инспирација.

Интересно е што актерката уште претходно на Paris Fashion Week се појави во бела Louis Vuitton комбинација и призна дека тоа било мал моден знак за „годината на нејзината свадба“.

По сите романтични сцени во „Bridgerton“, Фиби конечно ја доби и својата вистинска љубовна приказна.

 

About The Author