December 5, 2024

Гостите во знак на поддршка за невестата, на свадба дошле со превез на очите.
Невестата го изгубила видот на 27 години, а својот сакан го запознала подоцна и никогаш го нема видено неговото лице.Стефани Агни (32) од Австралија се омажи за љубовта на нејзиниот живот Роби Кембел, но за жал таа никогаш го нема видено својот сакан, затоа што го изгубила видот на 27 години.

На свадбата присуствувале 54 гости, кои во знак на поддршка за невестата ставиле превез на очите за да го искусат мигот на ист начин како неа, со темнина пред очите.

Инаку, Стефани генетски ја наследила состојбата Cone-Rod Dystrophy, поради која нејзината мајка останала сосема слепа, а таа гледа само светли и темни облици.

Вработените на местото каде се одржувала церемонијата минале часови во раскажување на секој детаљ за тоа како ѝ изгледа свадбата.