May 8, 2024
Ване ја запроси Моника на сцена

Ване ја запроси Моника на сцена

Саемот за венчавки кој овој викенд се одржа во Александар Палас секогаш е исполнет со насмевки и многу емоции како на иљадниците посетители така и на изложувачите. Саемот традиционално започнува со ревија на сите изложувачи кои учествуваат со венчаници и костуми. Токму на оваа ревија при претставувањето на прекрасните креации на Марија Костовска Вајт (кик боксер) се случи едно од најубавите запросувања кај нас.
Дизајнерката одбра на сцената модели за нејзините креации да бидат нејзините сестри (Марија, Моника и Магдалена). За сите нив ова беше прво вакво искуство, да се појават во венчаници што сигурно предизвикува големи емоции. Но сето тоа доживеа вистинска ерупција кога на бината пред стотици гости меѓу кои и нивните родители се најде и момчето (Ване)на најстарата сестра (Моника Костовска) кој со прстен во рака на изнеадување на сите, клекна и ја побара за жена. Големото Да кое го кажа Моника предизвика големи аплаузи и честитки од целиот аудиториум.


„Ова беше изненадување за сестра ми, и знаевме само јас и другата сестра, Магдалена. Нашите родители не знаеја, се плашев да не им се слоши од возбуда. Знам дека ова е ревија само на познати личности, но јас ги замолилв организаторите да учествуваат моите сестри, бидејќи ми се инспирација за креациите, и тие се за мене најпознатите личност“, ни рече дизајнерката и кик-боксерка Марија Костовска.
Сестрите Костовски носеа венчаници од Колекцијата “Грацибор”-Грациозност и Борбеност името на колекцијата е огледало на нејзините сестри па одтаму и името Грацибор.
Целата колекција е изработена со посебни материјали донесени од Дубаи и бисери кои беа составен дел од скоро сите венчаници на Марија. Уникатноста која дизајнерката ја манифестирала при изработката на оваа колекција е препознатлива во секој убод на иглата. Силните, борбени и грациозни невести со сигурност ќе се пронајдат во овие венчаници. Честитки од се срце наши Марија, Магдалена и Моника!!!