April 23, 2024

Прекрасната и исклучително талентираната поп пејачка Барбара Поповиќ ќе облече венчаница!!! Девојката која ги освои срцата на огоромен аудиториум на поширокиот Балкан за само седум дена од денес ќе ја видиме во венчаница. Дали е на повидок нешто и на љубовен план не знаеме, но со сигурност можеме да потврдиме дека на 23 февруари Барабара ќе биде дел од Саемот за Венчавки и ќе настапи на ревијата “Познатите во Венчаница”. Барбара ќе носи креација од Атељето Жана од нивната ексклузивна нова колекција за 2024 год. Атељето Жана веќе е доста етаблирано на балканскиот пазар и соработува со естрадни ѕвезди како Марија Микиќ.На спотот настапува и една од најубавите македонки Ангела Јакимовска која и оваа година е една најголемите ѕвезди кои ќе бидат дел од саемот. Како што дознаваме, креацијата ќе биде исклучително сензуална, а како ќе изгледа Барбара како невеста ќе треба да дојдете и да видите. Сите оние кои вечерта ќе бидат дел од овој настан ќе имаат ретка можност и да уживаат не само во нејзиниот изглед туку и во нејзиниот глас. За целокупниот изглед и шминка ќе се погрижи магионичарот за свадбена шминка Даниел Николовски.
Набавете си влезници за саемот преку платформата www.kupikartizase.com или на самиот влез на х.Александар Палас. Саемот е отворен за посетители од 23 петок од 18ч, а сабота и недела од 10 до 20ч.