Официјалниот застапник на неколку италијански брендови “White Angels” како Моника Лорети, Даниела ди Марино, Анџела Бјанка и Серена Брајдл на саемот за венчавки ја претставија новата колекција Ready to Wear.
За нив венчаницата е фустан од висока мода и исклучително важно е да понудат високи стандарди на квалитет.
Најблиската продавница до пред некоја година на нашите невести им беше онаа во Солун, но за голема среќа сега ги имаме и во Скопје.
Илјадници невести ширум Европа, како прв избор ги имаат токму овие брендови.
На ревијалната вечер на саемот за венчавки, честа да ги претстават моделите на White Angels им припадна на нашите две убавици, Марјана Станојковска и Јована Трајковска.
Марјана носеше два модела, едниот од колекцијата на Даниела ди Марино-Есперанца, а другиот од новата колекција на Моника Лорети.
Јована носеше фустан од линијата на Серена Брајдл-колекцијата Луксури.