„Како Французинките се облекуваат за свадба: 6 комбинации што секогаш изгледаат скапо“.

„Како Французинките се облекуваат за свадба: 6 комбинации што секогаш изгледаат скапо“.

Што да облечете на свадба ако сакате да изгледате како Французинка: 6 комбинации што секогаш делуваат скапо

Да се биде гостинка на свадба звучи едноставно сè додека не дојде моментот да застанете пред плакарот.

Фустанот не смее да биде премногу секојдневен, но ниту да изгледа како да се натпреварувате со невестата. Треба да биде доволно свечен, удобен за неколку часа, да одговара на локацијата и – ако може – да изгледа добро и без десет модни додатоци.

Токму тука Французинките имаат една лекција која вреди да се преземе: помалку, но подобро.

Нивниот свадбен стил најчесто не се базира на најгласниот фустан во просторијата, туку на добар крој, една впечатлива боја или дезен и детали кои изгледаат ненаметливо.

Еве шест формули кои лесно можете да ги приспособите и за свадба кај нас.

„Како Французинките се облекуваат за свадба: 6 комбинации што секогаш изгледаат скапо“.
„Како Французинките се облекуваат за свадба: 6 комбинации што секогаш изгледаат скапо“.

1. Фустан со класичен принт

Не мора секој свечен фустан да биде еднобоен.

Фин цветен, геометриски или порцелански принт во две до три бои може да изгледа многу поелегантно од претерано шарен модел.

Францускиот трик е остатокот од комбинацијата да остане мирен: едноставни сандали, мала чанта и минимален накит.

Правило: ако фустанот зборува, додатоците нека молчат. (Who What Wear)

2. Една силна боја и ништо повеќе

Црвена, кобалтно сина, смарагдно зелена, фуксија или портокалова.

Наместо сложени апликации, францускиот пристап е често едноставен фустан во моќна, чиста боја.

За 2026, Vogue France дополнително ги издвојува и небесно сините тонови, slip фустаните и повпечатливите еднобојни модели како актуелен избор за свадбени гостинки. (Vogue France)

Со ваков фустан не ви требаат спектакуларни обувки, големи обетки и statement чанта одеднаш.

Еден силен елемент е доволен.

Wedding Expo Skopje 2027 – јубилејно 15-то издание!

3. Наместо фустан – комплет од два дела

Ова е една од најдобрите опции ако сакате нешто поразлично.

Топ и долго здолниште во ист материјал или принт можат да изгледаат дури и посвечено од класичен фустан.

Високиот струк ја издолжува фигурата, а благо скратениот топ може да изгледа елегантно ако не открива премногу.

Дополнителната предност е што по свадбата двете парчиња можете да ги носите одделно. (Who What Wear)

4. Комбинезон – најпотценетата свадбена комбинација

Ако сите околу вас носат фустан, добар комбинезон автоматски изгледа посовремено.

Изберете чиста линија, добар материјал и модел кој убаво паѓа по телото.

Тука можете да си дозволите малку повеќе со додатоците: интересна вечерна чанта, впечатливи обетки или сандали со детали.

Најважно е комбинезонот да биде добро скроен – премногу широк или премногу тесен модел може веднаш да го изгуби свечениот ефект. (Who What Wear)

5. Костум за гостинка? Апсолутно да

Одлично скроен женски костум е една од оние комбинации што речиси секогаш изгледаат поскапо отколку што навистина чинат.

За летна свадба изберете полесен материјал – ленена мешавина, тенка волна или вискоза – и посветла или неочекувана боја.

Под сакото може да има свилен топ, а комбинацијата да ја завршите со златен накит и едноставни сандали.

Овој тип relaxed tailoring е многу близок до современиот француски стил, кој и ова лето останува насочен кон едноставни силуети и квалитетни основни парчиња. (ELLE)

6. Црн фустан на свадба – Французинките немаат проблем со тоа

Кај нас сè уште постои дилемата: „Се носи ли црно на свадба?“

Французинките генерално се многу порелаксирани околу ова правило.

Мал црн фустан со интересен крој, голи рамена или убаво деколте може да биде исклучително елегантен избор.

Трикот е да не изгледа премногу строго.

Додадете сандали во боја, златен накит, интересна чанта или кармин во посилен тон и црната веднаш добива летен и свечен карактер. (Who What Wear)

Што всушност значи „да се облечеш како Французинка“?

Не значи задолжително да купите француски бренд.

И не значи секоја комбинација да биде беж, црна или минималистичка.

Повеќе се работи за начинот на размислување:

не облекувајте сè што е убаво – изберете што е потребно.

Ако имате впечатлив фустан, намалете го накитот. Ако носите едноставен костум, додадете интересна чанта. Ако изберете силна боја, оставете ја таа да биде главниот момент.

И уште едно правило што францускиот wedding style добро го покажува: удобноста не мора да значи неелегантност. Француските модни инсајдерки често избираат пониски потпетици, блок-петици или едноставни обувки наместо модел во кој едвај ќе издржат еден час. (Who What Wear)

На крајот, најелегантната гостинка ретко е онаа која носи најмногу.

Обично е онаа кај која изгледа како ништо да не било премногу тешко смислено.

 

About The Author