Клое Кардашијан повторно проговори за еден од најболните периоди во својот живот, но овојпат без трошка желба за помирување. Нејзиниот поранешен сопруг, кошаркарот Ламар Одом, со изјавите во новиот документарен филм успеал да ја разгневи до таа мера што таа јавно порача дека за неа повеќе не постои.
Во епизодата на реалното шоу „The Kardashians“, емитувана на 12 ноември, 42-годишната Клое не го криеше разочарувањето од некогашниот сопруг.
Причината е документарецот на Нетфликс „Untold: The Death & Life of Lamar Odom“, во кој се зборува за неговите животни падови, зависноста, бракот со Клое и драматичните здравствени проблеми.
„Не барам благодарност, само да престане да зборува за мене“
Клое се согласила да учествува во документарецот како лична услуга, без финансиски надомест. Но, откако ги слушнала изјавите на Одом, се почувствувала изиграно.
Особено ја погодиле тврдењата дека нивниот брак бил поврзан со неговата желба за поголема популарност, како и неговото претставување на периодот кога таа му помагала да закрепне.
Токму Клое остана покрај Ламар по неговото речиси фатално предозирање во 2015 година. Во тој период ја запре и бракоразводната постапка за да може да му помогне.
Сега, повеќе од една деценија подоцна, таа смета дека е доста.
Порача дека нивниот однос е неповратно уништен и дека за неа Ламар е мртов во емотивна смисла.
Љубов што заврши со горчливи спомени
Клое и Ламар се венчаа во 2009 година, само неколку недели по запознавањето. Нивниот брак беше под постојано внимание на јавноста, а разводот беше финализиран во 2016 година.
Одом подоцна негираше дека се оженил исклучиво поради слава и тврдеше дека ја сакал Клое.
Но, судејќи според нејзините последни зборови, оваа љубовна приказна веќе нема продолжение.
Клое, која со години се обидуваше да го зачува достоинството на нивната заедничка историја, сега јасно стави до знаење дека не сака повеќе да биде дел од неговата приказна.
