„Леопардот паѓа во втор план: зебра принтот е новата модна опсесија“.

„Леопардот паѓа во втор план: зебра принтот е новата модна опсесија“.

Заборавете на леопардот: ова е принтот што ќе го гледаме насекаде оваа есен

Со години леопардот беше неприкосновен владетел на животинските принтови, но есента 2026 носи нов фаворит – зебрата.

Црно-белите линии се враќаат на голема врата, но овојпат во многу попрефинета и модерна верзија. Наместо нападни комбинации, модните брендови ја третираат зебрата речиси како неутрален принт што лесно се комбинира со парчињата што веќе ги имаме во гардеробата.

„Леопардот паѓа во втор план: зебра принтот е новата модна опсесија“.
„Леопардот паѓа во втор план: зебра принтот е новата модна опсесија“.

 

 

 

Како ќе ја носиме оваа есен?

Најлесниот начин е со едно впечатливо парче – зебра кошула со фармерки, здолниште со едноставен црн џемпер или чанта и чевли со принт кои веднаш ја менуваат целата комбинација.

За похрабрите, тука се зебра фустаните, панталоните и палтата. Црно-белата варијанта останува класика, но оваа сезона ќе гледаме и кафеаво-бели, беж-црни и помеки тонски верзии.

Најубаво изгледа со црна, бела, беж и тексас, но модните стилисти предлагаат и малку боја – црвена, бордо или маслинесто зелена.

„Леопардот паѓа во втор план: зебра принтот е новата модна опсесија“.
„Леопардот паѓа во втор план: зебра принтот е новата модна опсесија“.

Леопардот доби конкуренција

Зебра принтот веќе се појавуваше на ревиите на Valentino, The Attico, Kenzo и Kiko Kostadinov, а сега од модните писти се пресели и во продавниците на попристапните брендови.

Значи, ако оваа есен сакате само едно парче кое ќе ја освежи гардеробата – нека има линии. Зебра линии.

 

About The Author