момачко

Се врати од ергенска забава и нешто не ви штима? 7 знаци дека можеби крие нешто

Ергенската забава би требало да биде последна голема прослава со пријателите пред свадбата. Но што ако идниот младоженец се врати дома и одеднаш се однесува поинаку?

Експертите за врски посочуваат неколку промени кои можат да разбудат сомнеж. Сепак, важно е да се нагласи: ниту една од нив сама по себе не значи дека партнерот изневерил.

1. Одеднаш многу го чува телефонот

Ако претходно телефонот го оставаше каде било, а сега го носи и до бања, го врти екранот надолу или одеднаш ја сменил лозинката – нормално е да се запрашате зошто.

2. Не сака да зборува за ергенската

На прашањето „Како си поминавте?“ добивате само „супер“ и брзо менување на темата? Особено чудно може да биде ако претходно детално раскажувал за секое излегување.

3. Приказната постојано се менува

Прво биле во еден бар, потоа се појавува друг клуб, а следниот ден некој пријател кажува нешто сосема трето. Недоследностите не се доказ, но можат да бидат причина за отворен разговор.

4. Станува премногу дефанзивен

Обично прашање одеднаш предизвикува лутина: „Не ми веруваш?“, „Зошто ме испрашуваш?“ или „Ќе се венчаваме, а ти вака се однесуваш“.

Кога реакцијата е многу посилна од прашањето, партнерот можеби избегнува непријатна тема.

5. Одеднаш е претерано внимателен

Цвеќе без причина, подароци, комплименти и необично многу нежност веднаш по патувањето можат да бидат прекрасни – но експертите велат дека наглото „прекомпензирање“ понекогаш може да доаѓа и од чувство на вина.

6. Интимноста е поинаква

Нагло дистанцирање, избегнување секс или, обратно, необично зголемена желба за интимност може да биде уште една промена што ќе ја забележите.

7. Има трошоци што не сака да ги објасни

Поголемо подигнување готовина, чудни трансакции или сметки за места за кои никогаш не споменал дека ги посетиле можат да отворат дополнителни прашања.

Но пред да донесете пресуда…

Стресот, алкохолот, уморот по неколкудневно патување или едноставно желбата некои детали од машката дружба да останат меѓу пријателите можат да објаснат дел од овие промени.

Wedding Expo Skopje 2027 – јубилејно 15-то издание!

Затоа седум „знаци“ не се седум докази за неверство.

Но ако непосредно пред свадбата чувствувате дека нешто сериозно се крие, многу подобро е разговорот да се случи сега отколку сомнежот да го понесете со себе пред олтарот.

 

About The Author