April 25, 2024

Како од насловните на познатите светски магазини за убавина, буквално така изгледаше прекрасната Сања Талевска на денот на својата свадба. Таквиот изглед не се должи само на природната убавина со која очигледно е надарена туку и обостраната огромна љубов со згодниот Александар Догазански.

Нивната 10 годишна љубовна врска пред една недела ја прославија и ја крунисаа со брак, а домаќин на свадбената веселба беше ресторанот Рагуза 360. За исклучителната забава се погрижи Жаре Бербер, а гостите беа итекако добро расположени.


Сања изгледаше совршено во венчаницата која по нејзина мерка е направена во “Атеље Жана”. Сања е воедно и сопственичка на салонот за убавина “Лејди С” така да мејкапот и комплетниот нејзин изглед се едноставно совршени.


Сања и Александар имајте прекрасен брак , ве сака вашата “Во Бело”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *