Сите списанија, сајтови, водичите, упатствата, советите и, генерално, материјалите што служат за помош околу подготовките за свадба се обраќаат кон жените. Секако, венчавката не мора нужно да вклучува и маж (иако кај нас на Балканот сè уште не е така), но факт е дека жените се во центарот на случувањата кога станува збор за свадби. Па дури и оние совети што се насочени кон мажите, на некој начин секогаш се филтрираат низ призмата на нивните посакани половини…
Жените се сметаат за одлични организатори. Жена во семејството често не е само домаќинка, мајка и сопруга, туку срцето и душата на целото домаќинство. Затоа постои и симпатична поговорка (една од многуте) што вели дека, ако мажот е главата на семејството, тогаш жената е вратот што ја врти таа глава во посакуваната насока. Дали ова важи и кога станува збор за организација на свадба?
Во денешно време, кога паровите имаат целосна слобода да изберат како ќе изгледа нивната свадбена прослава, но и целиот заеднички живот, одлуките се носат заедно, што значи дека мажите и жените треба да бидат подеднакво вклучени во нив. Зошто тогаш нема толку многу материјали што советуваат мажи како да ја организираат свадбата, како да изберат костум, на што да обрнат внимание при планирањето? Секако дека и мажите учествуваат во тој процес, но се чини дека извршната улога ја имаат жените.
Дали ова е таен договор што постои меѓу половите? „Ние одлучуваме, а ти, драга, извршуваш“? Ако и е правило, од него секако постојат исклучоци. Сепак, почесто работите се така поставени што жените навистина имаат далеку поголема улога во планирањето и организирањето на венчавката.
Една од причините може да лежи во тоа што на мажите можеби не им е толку важно какви декорации ќе имаат на свадбата, а аранжманот на бидермаер со свежи или вештачки цвеќиња. Едноставно, жените од мала нога се учат дека вакви прашања се женска работа – од детските игри со кукли или пластични садови, преку пубертетот што носи предизвици во барањето на сопствениот личен стил (вклучително, меѓу другото, и шминкањето), па сè до зрелоста каде жената најчесто застанува во централна улога во домаќинството. Некако и како да им е својствено на жените да носат одлуки за сите тие детали за кои голем број мажи ништо не би знаеле.
Дали би им било полесно на жените кога би ги вклучиле своите мажи поактивно во планирањето на свадбената веселба? Тоа секако ги засега и нив, а тоа што не се вклучени во секој детаљ не значи дека тие и не сакаат. Затоа, ако вашиот младоженец не е луд за тоа да знае која нијанса лак за нокти сте ја избрале за тој ден, тогаш е сосема во ред да биде „поштеден“ од такви информации. Всушност, вакви работи најчесто ги споделуваме со другарките, односно со другите жени во околината.
*Различните улоги што жените и мажите денес ги преземаат секако многу зависат од општеството и културата. Во денешно време, таквите улоги повеќе не се јасно дефинирани како некогаш, особено кога станува збор за партнерски односи, родителство и сè она во што мажот и жената делуваат како рамноправни партнери.*
Затоа организацијата на свадбата е како проба на сето тоа во помала мерка – во неа убаво може да се види кој какви задачи презема, колку е спремен да учествува во нешто и што се неговите предности. Затоа свадбата и она што и претходи може да биде одлична генерална проба на принципите според кои ќе се одвива договарањето околу другите важни работи во нивниот заеднички живот.
-Од машки агол
Со оглед на тоа што не е баш благодарно да се пишува за свадба од машки агол од женски агол (заглавивме и кај самата конструкција на реченицата), се фрливме на работа и прашавме неколку оженети припадници на посилниот пол како течеле подготовките за нивната свадба и во што тие самите биле активно вклучени. Еве какви впечатоци ни ги пренеле поранешните младоженци, а сегашни сопрузи…
„Ние ја планиравме нашата свадба долго и ни беше важно да оставиме личен печат на неа. На нашата свадба имаше разновидна музика, за секого по нешто, но јасно дефиниравме што сакаме а што не, и тој договор беше целосно демократски. Јас го избрах просторот, организирав транспорт, а сите фини детали ги среди сопругата. Постојано се договаравме околу разни работи, а на самиот почеток дефиниравме што ќе биде чија обврска. Имам впечаток дека и двајцата учествувавме подеднакво, иако јас секако не се грижев за шминка и фризура. Единствено што ми е жал ми е што не можеме да организираме свадба секоја година, бидејќи имам впечаток дека секоја би била подобра од претходната!“ (Петар, 29)
„Нашата венчавка беше со ограничен буџет, бидејќи штотуку престанавме да бидеме студенти. Покрај парите за стан и сите потреби, не ни оставаше многу за мегаломанска свадба, иако таква и не сакавме. Одлуките главно ги носеше мојата жена, со оглед на тоа што таа е задолжена за финансиите и организацијата, бидејќи ѝ прилега, ужива во тоа, па така не ми беше тешко да ѝ предам главна реч. Во многу работи импровизировавме, многу работи таа сама ги направи (тие цвеќиња и такво, не знам како се вика), а самата венчавка беше прекрасна, токму каква што сакавме и каква најверојатно би ја направила и да имавме поголем буџет.“ (Јован, 29)
„Времето за организација на свадбата ни беше тесно, затоа што веќе бевме бремена и бременоста всушност на некој начин нè натера да направиме венчавка. Јас имам многу роднина, па некои работи морав да ги почитувам, додека жената се занимаваше со типично женски работи – фустан, цвеќиња, декорација. Свадбата ја правевме во локалот на мојот близок пријател, па половина работа веќе беше готова однапред за нас. Раниер често организирав забави и различни настани, па ниту овој не ми беше проблем. Гостите беа задоволни, ние бевме задоволни и тоа е тоа, нема тука многу филозофија, поважно е она што доаѓа потоа.“ (Орце, 32)
А доколку вие се подготвувате за свадба, саемот за венчавки е идеалното место за комплетирање на се она што ви е потребно. Земете го со вас вашиот “посилен” избраник и вклучете го во планирањето. Саемот трае 3 дена па имате можност еден ден да бидете со другарките, а еден и со него.