Мина Блажев во бело ја прослави веридбата – фустанот е од Ателје „Соња и Марија“
Мина Блажев влегува во едно од најубавите поглавја во животот. Македонската пејачка неодамна откри дека се свршила со својот партнер, а изминатиов викенд со најблиските ја прославила и веридбата.

Веста дека кажала „да“ Мина ја сподели на 13 септември, кога за првпат го покажа и вереничкиот прстен. Иако приватниот живот го чува подалеку од јавноста и засега не го открива идентитетот на избраникот, со новите фотографии сподели барем дел од атмосферата од прославата.


За пригодата Мина избра кратко бело фустанче од Ателје „Соња и Марија“, модно студио кое е дел и од нашата изложувачка приказна на Wedding Expo Skopje.
Wedding Expo Skopje 2027 – 15 години љубов, стил и инспирација.
Белата боја, кратката силуета и едноставната елеганција совршено се вклопија во поводот, а Мина на фотографиите насмеана го покажува и прстенот. Ателје „Соња и Марија“ е препознатливо по венчаници, свечени и матурски креации, со акцент на современи кроеви и женствена естетика.
Веридбата е само почеток на свадбената приказна, а по ова прво појавување во бело останува да видиме каков стил ќе избере Мина и за самиот свадбен ден.
Едно е сигурно – белото веќе ѝ стои одлично.
