May 13, 2026
s3

Лозановски Дизајн Концепт

Што е Лозановски дизајн?

Лозановски дизајн е модно студио кое се занимава со креирање на венчаници и свечени фустани, посветено на создавање незаборавливо искуство кај секоја наша клиентка. Нашата мисија е да ја истакнеме елеганцијата, женственоста и пред сè индивидуалноста. Целокупниот процес – од дизајнирање, моделирање и рачна изработка – се одвива во нашите простории, од наши професионалци.
Чипката која ја користиме е, исто така, автентичен Лозановски дизајн, дизајнирана и произведена кај нас, за секој модел посебно, што е реткост не само во регионот, туку и во светот.
Целата нова колекција ексклузивно ќе биде претставена на Саемот на венчавкиНАЈАВА: 14-ти Саем за венчавки – Wedding Expo Skopje 2026.

Која е Христина Лозановска?

Христина е креативниот ум и срцето на Лозановски дизајн. Уште од најрана возраст таа создава препознатливи креации кои зрачат со нежност и елеганција, со што се здоби со повеќе од 25 години работно искуство во модната индустрија.
Своето првично образование и искуство го стекнува посетувајќи повеќе обуки во Грција и истовремено работејќи како дизајнер и моделар во грчки фирми, преку кои соработува со познати брендови како „Street One“, „Neckermann“, „Quelle“, „Tom Tailor“ и други. Образованието го крунисува во првата генерација на институтот „Изет Цури“, што ѝ овозможува да дипломира пред престижна комисија од експерти во Париз. Нејзината храброст и вештини го движат Лозановски дизајн и ја дефинираат неговата препознатлива уникатност.


Л Дизајн на Wedding Expo 26′ со новата колекција на венчаници и свечени тоалети!

Кој е Игор Лозановски?

Игор, пред сè, е креаторот на идејата за Лозановски дизајн. Тој е дизајнер и творец на сите уникатни чипки кои ги користиме на нашите модели. Внимателно го осмислува секој детал, обезбедува висок квалитет при изработката и совршена усогласеност со конкретниот модел.
Благодарение на него, секое парче чипка има своја приказна и достоинствено ја надополнува венчаницата за која е создадена.


Новата колекција со негови авторски чипки, исто така, ќе ја видите на Саемот на венчавки.