April 25, 2026
Dafina_Aleksandar-1623 (1)

Најромантичната свадба на летото: Дафина и Александар – љубов, елеганција и магија под ѕвездите

На 23 август 2025 година, љубовната приказна на Дафина и Александар доби своја најубава форма – во ден исполнет со нежност, традиција и многу стил.

Денот започна со прекрасно искуство во студиото на Миа Араби, каде Дафина уживаше во секој момент од подготовките. Тимот создаде пријатна атмосфера исполнета со позитивна енергија, смеа и возбуда пред големиот ден. Шминката беше нежна, природна и совршено ја нагласи нејзината убавина, оставајќи впечаток на елеганција и самодоверба уште од самиот почеток.

Потоа денот продолжи со весело земање по невеста, полна со смеа, радост и традиционални моменти што внесеа дополнителна топлина и шарм. Секој момент беше исполнет со љубов, а атмосферата – вистинска бајка уште од првиот миг.

Во Соборниот храм, опкружени со најблиските, Дафина и Александар го изговорија своето „да“ – мирно, искрено и со поглед полн со љубов. Целиот простор зрачееше со спокој и убавина. Молитвите, тивкиот звук на хорот и топлината на моментот создадоа чувство на длабока поврзаност.

Прославата продолжи во винаријата „Камник“, каде елегантната декорација со свеќи и нежни цветови создаде топла и романтична атмосфера. Гостите уживаа во убавото вино, храната и пријатното друштво, додека младенците блескаа од среќа.

Дафина изгледаше неверојатно во три различни венчаници, секоја со свој стил – класична, модерна и вечерна. Сите три беа од „Кокев“, изработени беспрекорно и со препознатлив потпис на елеганција.

Дафина вели дека уживала во целиот процес – од пробите до финалниот изглед. Секој детаљ бил внимателно избран, од signature парфемот до последниот моден додаток. Сè било во совршен баланс и совршено усогласено со нејзиниот стил – едноставно, со вкус и класа.
Вечерта продолжи со нивниот прв танц, емотивен и спокоен, а потоа следуваше танцот со таткото на Дафина – момент исполнет со љубов и гордост. Огнометот и сечењето на тортата беа прекрасен завршеток на еден вистински посебен ден.



Свадбата на Дафина и Александар беше комбинација од традиција, стил и искрени емоции – ден што ќе остане запаметен по убавината, едноставноста и љубовта што се чувствуваше во секој дел од прославата. 💖

Моите совети за идните невести
По целиот процес и сите убави моменти, би сакала да споделам неколку совети со идните невести:
Пред свадбата – релаксирај се максимално.
Земи си неколку дена одмор пред големиот ден. Масажа, спа, прошетка, што и да те смирува – направи го тоа за себе. Верувај ми, ќе го почувствуваш ефектот кога ќе дојде моментот.

На денот на свадбата – уживај!
Најважно е да бидеш опуштена и присутна во секој миг. Јас одлучив да не се занимавам со никакви задачи тој ден, и тоа беше најпаметната одлука што можев да ја донесам. Денот ми започна прекрасно во студиото Миа Араби, каде навистина се препуштив и уживав во целиот процес.

Имај човек од доверба за декорацијата.
Многу е важно да имаш некој што ја разбира твојата визија и на кого можеш целосно да му веруваш. Кога знаеш дека деталите се во сигурни раце, можеш навистина да се опуштиш и да уживаш во денот. Јас ја одбрав Васи VS Decoration, и со неа сè течеше лесно и природно — без стрес, само со многу вкус и разбирање.

Одвој време со партнерот.
Во текот на вечерната забава, не дозволувај сè да помине во трчање и поздрави. Поминете малку време само вие двајца – тие моменти најмногу вредат.

Вежбај го првиот танц.
Почнете најмалку три недели порано – така ќе бидете сигурни, ќе се опуштите и ќе можете вистински да уживате во моментот.

Не го прескокнувај танцот со твојот татко.
Тоа е еден од најтоплите и најлични моменти на вечерта – миг исполнет со гордост, емоции и нежност што тешко се опишува.

Разговарај со фотографите.
Кажи им кои моменти се најважни за тебе. Така ќе знаат што да фатат – и ќе имаш токму тие спомени што ќе ги гледаш со насмевка засекогаш.Јас бев прзадоволна од целосната нивна поддршка (Playback Weddings).

И најважно од сè – не брзај низ денот, живеј го.
Тоа е твој момент, твоја бајка, и заслужуваш целосно да ја почувствуваш.

Честитки од се срце на Дафина и Александар, а вие драги идни младенци повелете на 14тиот Саем за венчавки и решете ги сите слатки маки на едно место.

wedding-expo-2026-
wedding-expo-2026-