елена сцена

 

Елена Андоновска ја отвори свадбената архива: 10 години љубов со Марјан

Една свадбена фотографија, десет години заеднички живот и многу спомени зад нив.

Македонската пејачка Елена Андоновска одбележа 10 години брак со сопругот Марјан Андоновски, а по тој повод сподели емотивна објава која веднаш привлече внимание.

На колажот што го објави се гледа нивна фотографија од свадбениот ден, на која Елена е во невестинска облека, поставена покрај понова заедничка фотографија.

10 ❤️ Толку многу зад нас, а ние сè уште на прагот…“, напиша Елена.

Елена и Марјан се и професионално поврзани – и двајцата се дел од Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“. Во десетте години брак нивното семејство се зголеми со трите сина – Јосиф, Андреј и Лазар.

Фотографијата од венчавката предизвика бројни честитки, а за нас е и убав потсетник дека понекогаш највредната свадбена фотографија е онаа која по десет години повторно ќе ве врати на самиот почеток.

 

About The Author