„Мобед“ момент што го гледаа 10,8 милиони луѓе – и едно домашно запросување што го стопли нашето срце
Во светот постојат илјадници начини да се каже „Сакаш ли да ми бидеш жена?“, но само неколку стануваат легендарни. Едно од најпознатите и највпечатливите запросувања во историјата на YouTube се случи токму во 2011 година – и уште се смета за „најдобро изведено запросување на сите времиња“.
Најпознатото запросување во светот – спектакл што го видоа милиони
Фокс телевизија во 2011 година ја емитува премиерата на шоуто „Mobbed“ со Хауи Мендел, каде што целата епизода беше посветена на едно единствено момче — Џастин Дејвис. Тој со месеци го планирал најголемиот момент од својот живот: спектакуларно запросување на својата девојка Ники Маркез.
✔ Повеќе од 10,8 милиони гледачи го следеа моментот во живо.
✔ Десетици танчари учествуваа во гигантски координиран flash mob.
✔ Ники беше шокирана, збунета, трогната и конечно — пресреќна.
Џастин не само што ја запроси… туку продуцентите ја изненадија и со целосна венчавка, изведена веднаш по запросувањето. Публиката плачеше, Ники плачеше, светските медиуми пишуваа со денови.
Најдоброто запросување во Македонија – нашата приказна што ги освои сите
А кога сме веќе кај неверојатни запросувања… мора да ја споменеме и македонската верзија што заслужено си го доби епитетот „најромантично домашно запросување“. Новинарот Иван Лазаров од Алфа телевизија на спектакуларен начин со Flash mob на плоштадот Македонија ја побара својата девојка Јана за жена. Многу оргинално. Имено за потребите на нашиот портал Во Бело и Саемот за Венчавки смисливме реклама со флеш моб. 120 флеш- мобери од балетското студио Еурека го снимаа рекламниот спот на скопскиот плоштад Македонија, а Јана ја подготвуваше целата кореографијата и воопшто не и паднало на памет, дека нејзиното момче ќе ја запроси токму на снимањето.
Во нашиот случај, сценариото беше целосно испланирано — од првото светло, до последната музичка нота. Видеото досега е 1,5 милиони прегледи, а беше емитувано и на телевизиите во регионот како ХРТ, РТЛ, Нова и др.
Беше потребно:
– тим од професионалци,
– кореографија,
– изненадувачки момент за идната невеста,
– и огромна љубов.
Сцената беше наполнета со емоции, музика и магија… и да, заврши со солзи радосници.
Тоа што е највпечатливо?
Иницијативата, идејата и организацијата беа создадени токму од нашиот тим – Во Бело. Ве покануваме на Wedding Expo Skopje 26‘ за уживање и славење на љубовта, бракот и семејството.