брош

Извадете ги брошевите на мајките и бабите: Најнеочекуваниот моден камбек на есента

Ако мислевте дека брошевите одамна останале во кутиите за накит на нашите мајки и баби – есента 2026 има поинаков план.

Еден од најнеочекуваните, но и најшик камбек-трендови сезонава се токму брошевите.

Големи цветни модели, винтиџ форми, златни детали, бисери, па дури и малку „театрални“ украси повторно се враќаат на јакни, сакоа, капути, па дури и на кошули и чанти.

Убавината на овој тренд е што не бара целосно нова гардероба.

Напротив – доволен е еден впечатлив брош за и наједноставната комбинација да добие сосема нов изглед.

Црно сако? Додадете стар златен брош.

Бел кошул? Ставете брош кај јаката.

Едноставен капут? Еден голем украс веднаш ќе направи да изгледа поскапо и поелегантно.

Wedding Expo Skopje 2027 – 15 години љубов, стил и инспирација.

Најдобро од сè е што овој тренд има и емоција.

Наместо да купувате нови аксесоари, можеби токму сега е моментот да отворите старо фиоче, да побарате нешто заборавено и повторно да му дадете живот.

Модата оваа есен очигледно ни порачува едно:

понекогаш најсовремениот детаљ е оној што веќе постои со години.

 

 

About The Author