sydney-sweeney-gives-a-show-140306377_0f4396

СИДНИ СВИНИ ВЛЕЗЕ ВО ИГРА БЕЗ ДРЕС, СПОРТОТ ОСТАНА ВО ВТОР ПЛАН

Ако целта била сите да зборуваат за рекламата, тогаш Сидни Свини повторно ја завршила работата.

Ѕвездата на „Еуфорија“ е главното лице на новата кампања на спортската платформа Novig, а концептот е едноставен, смел и намерно провокативен. Сидни позира речиси без облека, а фудбалски, кошаркарски и други спортски реквизити се поставени токму таму каде што треба да остават нешто и на фантазијата.

Иронично, слоганот на кампањата е дека Novig е „само спорт“.

Само што, судејќи по реакциите, малкумина прво го забележаа спортот.

Кампањата е дел од првото големо национално претставување на Novig, платформа фокусирана исклучиво на спортски предвидувања. Свини не е ангажирана само како убаво лице на рекламата. Таа стана и стратешки партнер и сопственик на удел во компанијата, а учествувала и во креирањето на самата кампања.

Рекламата е снимена во Австралија и игра токму на картата по која Сидни последниве години стана едно од најбараните лица во рекламната индустрија, провокација, хумор и доволно самодоверба за сите да застанат и да погледнат.

По кампањите кои веќе предизвикуваа лавина реакции, Сидни Свини очигледно добро ја научила формулата.

Не мора сите да ја сакаат рекламата.

Доволно е сите да зборуваат за неа.

А овојпат, спортот можеби е „само спорт“, но Сидни повторно е главниот натпревар.

About The Author