Од поглед на семафор до брак.
Младите Ирена и Љубиша кои нивната љубов ја крунисаа со брак во Мај оваа година започнала на семафор.
После долгогодишната врска и на двајцата, одлучиле да не ја бараат љубовта и да веруваат во тоа што е нивно ќе си дојде. И чуда се случуваат тогаш кога ќе се препуштите на судбината. Еве како ни ја раскажа Ирена својата љубовна приказна:
-Ми заврши работниот ден па на пат за накај дома застанав на семафор со радиото на најако и си потпевнував во кола. Додека од другата страна поминуваше бела кола исто весело друштво. Како се разминуваме јас ја вадам главата низ прозор истото го прави и возачот од другата кола кој сега веќе ми е маж. 🤣
Тука ни се разменуваат погледите, а по само неколку дена Љубиша ми пишува на инстаграм. Не му одговарав се додека на мое селфи не ми стави насмеан стикер што ме испровоцира да прашам што е смешно 🤣. Pо неколку дена комуникација, излеговме на ручек. Веќе наредниот ден тој мораше да замине за Швајцарија. 
Искрено никогаш не помислив дека ке завршиме заедно и дека нешто би можело да се случи. Тој во Швајцарија, а јас во Македонија. Но нашиот контакт и понатаму продолжи. Секој ден растеше во нешто здраво и вистинско. Започнавме да се гледаме и се гледавме на 2-3месеци по 3-4дена замислете, тој доаѓаше тука или одев јас таму. Но сепак кога ќе ме праша некој … дали е тешко да се одржува врска на далечина ? одговорот е Не. Сега кога ни е достапен интернетот 24/7 ако знаеш што сакаш, ништо не е тешко и се е возможно.
На вториот одмор заедно, ме запроси, тоа беше во Септември на Малдиви а веќе во Мај направивме свадба 🙂 
Не беше тешко да организирам свадба сама. Иако сум перфекциониста, се некако многу брзо се случуваше, а јас со љубов ги спремав сите детали околу нашата свадба, се трудев да биде запазен секој детал и се да изгледа толку совршено како и нашиот однос.
Направивме голема свадба во Мон Блан Гостивар со нашите роднини и пријатели. Првиот валцер ни беше микс од песни кои ги склопивме три дена пред свадба и без ниту една проба изгледаше како да сме вежбале денови наназад. Се препуштивме еден на друг и едноставно уживавме во моментот, а сликите и видеата говорат за тоа колку беше прекрасно. Се венчавме во црквата св.Богородица во Гостивар, а фотосесијата ни беше направена истиот ден на патот за Галичник. 
Обично невестите менуваат по 2 венчаници што не беше така и во нашиов случај.Овојпат момчето е тоа што менуваше одела. Неможевме да се одлучиле кое одело му стои подобро па се одлучивме да ги земеме и двете. 

Ако за нешто мислев дека ке бидам преоптеретана околу припемите тоа беше венчаницата, но кога сте во вистински раце венчаницата е последното нешто што ќе го помислите.
Г-ѓа Соња во Бисер или Atelier Sonya е вистински професионалец во својата работа а со нејзината позитивна енергија само ви дава сигурност да се препуштите во нејзините раце.

Кога веќе го спомнавме кривецот за мојата венчаница да ги спомнам и бутик Target од Прилеп кои се погрижија мојот сопруг да изгледа прекрасно на нашиот најважен ден.
Задолжен за веселбата беше Дамјан Стојаноски кој направи преубава атмосвера а за спомените кои ке останат вечно беа задолжени Procam Studio и картички пред секој гостин од Svadbogram/Fotogrаm за да може секој гостин да ги прикачи фотогорафиите и видеата направени во текот на свадбената веселба. 
Сакајте се и негувајте ги врските поготово оние на Далечина.
Најлесно да да се откажете ….
Во бело, ви благодарам 🫶
Ти благодариме и ние тебе драга Ирена, честитки од се срце за тебе и твојот избраник Љубиша. Ве сака вашата Во Бело