111

9 фризури за гостинка на свадба што изгледаат елегантно

Кога сте поканети на свадба, фустанот е само половина од приказната. Фризурата треба да го заокружи изгледот, да одговара на деколтето и стилот на облеката, но и да не изгледа како да сте тргнале да се натпреварувате со невестата.

Професионалните фризери за InStyle советуваат едно едноставно правило: фризурата треба да го надополни фустанот исто како накитот. Ако носите висок или структуриран врат, подобро функционира собрана коса. Кај фустан без прерамки или со отворено деколте, можете да си дозволите пуштена или полу-собрана коса.

1. Опуштена пунџа

Не зборуваме за „messy bun“ од теретана, туку за намерно опуштена пунџа со неколку несовршени прамени.

Изгледа романтично, модерно и е одлична за летна свадба.

2. Залижан боб

Ако имате боб или лоб, не мора да правите ништо комплицирано.

Косата залижана наназад, со малку сјај и лесно свиткани врвови, изгледа минималистички и многу шик. Особено добро функционира со впечатливо деколте и обетки.

3. Плетена пунџа

Едноставна, чиста и практична.

Косата се врзува во опавче, се плете, а потоа плетенката се завиткува во пунџа. Одлична е за жешки денови, бидејќи косата останува подигната цела вечер.

4. Романтични природни локни

Ако имате природно виткана коса, не се обидувајте целосно да ја „скротите“.

Малку волумен кај коренот и дефинирани локни можат да изгледаат многу посвежо од претерано испеглана фризура.

5. Холивудски бранови

Ова е класика за Black Tie свадба.

Длабока разделба на страна и меки, сјајни бранови даваат старохоливудски гламур и особено добро изгледаат со долг вечерен фустан.

6. Права коса зад ушите

Совршена за свадба на отворено или покрај море.

Wedding Expo Skopje 2027 – јубилејно 15-то издание!

Косата е мазна и чиста, ставена зад ушите, а фокусот останува на лицето, накитот и фустанот. Фризерите ја препорачуваат токму за влажно и ветровито време.

7. „Claw clip“ ефект без шнола

Изгледа како косата случајно да сте ја кренале со голема шнола, но всушност се прицврстува со мали иглички.

Одлична е ако планирате да танцувате цела вечер, бидејќи изгледа опуштено, а сепак е стабилна.

8. Волуменозен blowout

Ако не сакате собрана коса, ова е најбезбедниот избор.

Мека, сјајна и подвижна коса со волумен никогаш не изгледа претерано, а сепак веднаш делува средено.

9. Високо „Barbie“ опавче

Женствено, забавно и практично.

Високо мазно опавче со брановидни краеви го открива лицето и вратот и е супер избор за летна свадба кога не сакате косата да ви паѓа по рамената.

Најважниот совет? Не пробувајте нова комплицирана фризура првпат токму на денот на свадбата. Ако планирате сами да ја правите, пробајте ја барем еднаш претходно.

 

About The Author