Кејт и Руни Мара ја освоија Венеција: Две сестри, еден филм и совршена модна синхронизација
Кејт и Руни Мара ретко ги гледаме заедно на црвен тепих, па нивното појавување на Венецискиот филмски фестивал веднаш привлече внимание.
Причината е посебна: сестрите годинава го промовираат „Bucking Fastard“ на Вернер Херцог, нивниот прв заеднички филм, а во Венеција покажаа дека нивната синхронизација не функционира само пред камерата, туку и во модата. 
Црно и бело, но без да изгледаат исто
За фотокол Кејт и Руни избраа комбинации кои визуелно се надополнуваат, но не се идентични.
Руни Мара носеше романтичен бел фустан на Stella McCartney, со halter крој и нежни набори, додека Кејт Мара се појави во црно-бел мини фустан на McQueen, со чипкани детали. Резултатот беше чиста црно-бела модна игра.
За премиерата – улогите се сменија
На вечерниот црвен тепих Руни се појави во црн Louis Vuitton slip фустан со романтични цветни/ruffle детали, додека Кејт избра елегантен светкав фустан со отворен грб и врзување.
Токму тоа го прави нивниот Venice стил интересен: не се облекуваат како „близначки“, туку како две жени со различен вкус што сепак визуелно функционираат совршено една покрај друга.
Првпат заедно и на филм
„Bucking Fastard“ е прв проект во кој Кејт и Руни глумат заедно.
Во филмот играат две сестри близначки со исклучително силна, речиси неразделна врска. Руни призна дека идејата првично ѝ била малку застрашувачка, но токму нивната реална сестринска поврзаност ја направила работата многу поприродна. Кејт, пак, го опиша искуството како необично и многу убаво.
И можеби токму затоа нивните појавувања во Венеција изгледаат толку ненаметливо.
Нема натпревар кој ќе биде повпечатлив.
Има две сестри што очигледно се чувствуваат добро една покрај друга — и тоа се гледа.