Penelope-Cruz-Chanel-Toronto1

По Венеција, Пенелопе Круз го освои и Торонто.

Шпанската актерка синоќа беше една од главните ѕвезди на TIFF Tribute Awards, каде ја прими TIFF Special Tribute Award за својот придонес во светската кинематографија. Во емотивниот говор им се заблагодари на луѓето кои верувале во неа низ годините, а посебно го спомна и режисерот Педро Алмодовар, со кого создаде некои од најважните улоги во својата кариера.

За вечерта Пенелопе избра црна, тесна вечерна тоалета со тенки прерамки, надополнета со впечатлив дијамантски ѓердан. Минималистички, но моќен изглед – сосема поинаков од црвениот Chanel фустан со кој блескаше пред неколку дена во Венеција.

Но Пенелопе не е во Торонто само поради наградата.

Таа на фестивалот пристигна и со „Bunker“, новиот филм на Флоријан Зелер во кој повторно игра покрај сопругот Хавиер Бардем. Во филмот тие толкуваат брачен пар чиј однос е ставен на тест кога мистериозен милијардер нуди работа која отвора сериозни морални дилеми.

Wedding Expo Skopje 2027 – 15 години љубов, стил и инспирација.

По црвениот тепих во Венеција, каде Пенелопе и Бардем повторно покажаа зошто важат за една од најмоќните и најелегантни актерски двојки, Торонто само ја продолжи нивната фестивалска приказна.

А Пенелопе уште еднаш покажа дека може истовремено да биде голема актерка, модна икона и една од највпечатливите жени на секој црвен тепих.

 

About The Author