Ангела Апостоловска-Петреска
Плико, фустан, фризура, такси: Колку навистина чини една свадба кога сте гостин?
Добивате покана за свадба и првата реакција е радост. Втората, особено ако во истиот месец имате две или три свадби, често е: „Колку ќе ме чини ова?“
Затоа што трошокот за свадба одамна не е само она што ќе го ставите во плик.
Нова облека, чевли, фризура, шминка, превоз, а понекогаш и сместување – една свадбена вечер многу лесно може да стане сериозна ставка во домашниот буџет.
Колку се става во плик?
Ова е прашањето за кое веројатно никогаш нема да има единствен одговор.
Не постои официјална тарифа. Сумата зависи од тоа колку сте блиски со младенците, дали одите сами или како пар и какви се вашите финансиски можности.
Како практичен ориентир, денес често се движиме во рамки од:
- Сам гостин: околу 3.000–4.500 денари
- Пар: околу 6.000–9.000 денари
- Многу блиски луѓе: 10.000 денари и повеќе
Но најважното правило треба да биде едно: не ставајте сума што ќе ве доведе во финансиски проблем само затоа што мислите дека „така треба“.
Потоа доаѓа: „Што ќе облечам?“
Ако веќе имате свечен фустан, костум и обувки – одлично. Тука може да поминете без дополнителен трошок.
Но ако купувате нова комбинација, сумата брзо расте.
- Фустан: 2.000–5.000 денари
- Чевли: 2.000–4.000 денари
- Чанта или модни додатоци: 1.000–3.000 денари
Ако решите сè да купите ново, само изгледот може да ве чини 5.000–10.000 денари, а без проблем и повеќе.
Фризура и шминка – уште неколку илјади денари
Тука цените значително се разликуваат од салон до салон, но за свечено подготвување реално е да сметате на:
- Фризура: околу 1.200–2.000 денари
- Шминка: околу 1.800–3.500 денари
Тоа значи дека една гостинка која сака професионално да се подготви може да издвои приближно 3.000–5.500 денари.
И тука не ги броиме маникирот, педикирот, депилацијата или некој beauty третман пред свадбата.
Превозот често го забораваме
Ако свадбата е во истиот град, овој трошок можеби нема да биде голем. Но две такси возења до и од ресторан лесно можат да значат уште неколку стотини денари.
Ако свадбата е во друг град, додадете:
- гориво,
- патарини,
- паркинг,
- а понекогаш и хотел.
И одеднаш трошокот за „само да отидеме на свадба“ станува сосема друга приказна.
Ајде да ја направиме сметката
Фризура – 1.500 ден.
Шминка – 2.000 ден.
Превоз – 700 ден.
Фустан – 3.500 ден.
Чевли – 2.500 ден.
Фризура – 1.500 ден.
Шминка – 2.000 ден.
Превоз – 700 ден.
Облека и подготовка – 7.000–12.000 ден.
Превоз – 700–1.500 ден.
А ако двајцата купувате нова облека, свадбата е надвор од градот или станува збор за многу блиски луѓе на кои сакате да им дадете поголем подарок, сумата лесно може да надмине 25.000 денари.
А што ако имате три свадби во еден месец?
Тука почнува вистинскиот проблем.
Три свадби со просечен трошок од само 10.000 денари значат:
30.000 денари за еден месец.
Затоа не е чудно што свадбената сезона знае сериозно да го оптовари домашниот буџет.
Не мора за секоја свадба нов фустан
Социјалните мрежи создадоа чудно чувство дека истиот фустан не треба двапати да се појави на фотографија.
Секако дека треба.
Еден добар еднобоен фустан може да изгледа сосема различно со други чевли, накит, фризура или чанта.
Истото важи и за мажите – добро одело со различна кошула или вратоврска е повеќе од доволно.
На свадбата сте поканети затоа што младенците сакаат да бидете дел од нивниот ден, не затоа што очекуваат да направите нова модна инвестиција.
И конечно – пликото не е влезница
Често ќе го слушнете правилото дека подарокот „мора барем да ја покрие порцијата“.
Но тоа не е правило.
Младенците сами избираат ресторан, мени и буџет за свадбата. Гостинот не купува билет за настанот.
Подарокот треба да биде гест кон луѓето што ги сакате, а не финансиски тест кој треба да го положите.
Ако можете да дадете повеќе – прекрасно.
Ако моментално можете помалку – и тоа е во ред.
На крајот, најскапото нешто што треба да го понесете на свадбата не е пликото, туку желбата навистина да ја споделите радоста на луѓето што ве поканиле.
А колку вас реално ве чини едно одење на свадба?