July 12, 2026
evah

По 25 години љубов, Ева Херцигова се омажи во Торино: Боемска венчаница и прослава со само 50 гости

Супермоделот Ева Херцигова и италијанскиот бизнисмен Грегорио Маршај ја крунисаа својата долгогодишна љубов со романтична венчавка во Торино.

По приближно 25 години заеднички живот и три сина, двојката организирала интимна прослава на која присуствувале околу 50 членови на семејството, блиски пријатели и познати личности од светот на модата и италијанскиот бизнис.

Боемски изглед наместо класична венчаница

Ева избрала неконвенционален невестински изглед. Наместо класична бела венчаница, таа носела крем фустан во боемски стил од француската модна куќа „Ланвен“.

Комбинацијата ја надополнила со нежни бели сандали украсени со панделки, задржувајќи го природниот и романтичен изглед по кој е препознатлива.

До олтарот ја придружувал нејзиниот татко, а црковната церемонија се одржала во малата црква „Сан Вито“, сместена на ридовите над Торино.

Младоженецот пристигнал со нивните синови

Грегорио Маршај пристигнал на церемонијата во друштво на трите сина што ги има со Ева. Посебно внимание привлекол и автомобилот со кој пристигнале – класичен „Астон Мартин“ од 1989 година.

По црковниот обред, младенците и гостите се упатиле кон историскиот центар на Торино, каде што се одржала и граѓанската церемонија.

За оваа пригода била отворена раскошната сала Sala dei Plebisciti, која се наоѓа во барокната палата Palazzo Carignano и вообичаено не е достапна за приватни настани.

Интимна вечера во еден од најпознатите ресторани во Торино

Свадбената прослава завршила со свечена вечера во историскиот ресторан Del Cambio, едно од најпознатите гастрономски места во градот, наградено и со Мишелинова ѕвезда.

Иако се очекувало меѓу гостите да биде и Наоми Кембел, славната манекенка не присуствувала на прославата. Сепак, Ева и Грегорио биле опкружени со најблиските луѓе и ја прославиле својата љубов далеку од големите и спектакуларни свадби.

Нивната венчавка уште еднаш покажа дека за вистински романтична прослава не се потребни стотици гости, туку внимателно избрана локација, личен стил и луѓето кои навистина значат.

 

About The Author