July 25, 2026
олмо1

Свадба на повидок? Огромниот прстен на девојката на Дани Олмо предизвика лавина од честитки

Шпанскиот фудбалски ас Дани Олмо можеби наскоро ќе застане пред олтар – барем ако се суди според деталот што неговите обожаватели веднаш го забележаа на раката на неговата девојка, Лаура Абла Шмит.

По големата победа на Шпанија на Светското првенство, вљубената двојка сподели романтични фотографии од теренот. На нив, Олмо ја бакнува Лаура во челото, додека таа во рацете го држи победничкиот трофеј и ја носи неговата златна медаља.

Сепак, покрај пехарот и емотивната прегратка, целото внимание го украде големиот блескав прстен на нејзината рака.

„Ти, засекогаш“, напиша Лаура покрај фотографиите, а Дани ѝ возврати со исто толку романтично: „Засекогаш“.

Овие пораки, заедно со впечатливиот прстен, беа доволни фановите веднаш да започнат со честитки и прашања дали познатиот фудбалер тајно ја запросил својата избраничка.

„Не мислете дека не го забележавме прстенот. Честитки!“, гласи еден од коментарите под објавата.

Други, пак, порачаа дека токму вакви вести сакале да видат по големата фудбалска победа.

Иако дел од странските медиуми веќе пишуваат дека станува збор за свршувачка, Дани и Лаура сè уште немаат официјално потврдено дека паднало прашањето: „Ќе се омажиш ли за мене?“ Затоа, барем засега, сè останува на ниво на шпекулации.

Wedding Expo Skopje 2027 – јубилејно 15-то издание!

Љубов што започна во Германија

Дани Олмо и германската манекенка и инфлуенсерка се заедно од периодот кога фудбалерот настапуваше за РБ Лајпциг. Врската јавно ја потврдија во 2024 година, а по неговото враќање во Барселона, Лаура се пресели со него во Шпанија.

Лаура редовно го поддржува од трибините, а беше покрај него и за време на Светското првенство. Нивната прослава по финалето беше меѓу најромантичните моменти од вечерта.

Дали блескавиот прстен навистина најавува свадба или станува збор само за омилено парче накит, останува да видиме.

Едно е сигурно – по освојувањето на светскиот фудбалски врв, можеби следната голема победа на Дани Олмо ќе биде токму во љубовта.

About The Author

gamoshi.io, 267-b6491, DIRECT, 20e30b2ae1f670f2