December 4, 2024

Нема ништо посилно од тоа кога љубовта е вистинска. Љубовта ни се случи на работното место, а секојдневната посветеност и меѓусебното помагање не спои заедно, ни раскажа Андријана, која штотуку се венча со нејзиниот избраник Милан.

Љубовта и разбирањето полека но сигурно не натера да размислуваме за заеднички живот, а најубавото изненадување го добив кога на 24 декември на највисокиот врв на Копаоник кога го слушнав најубавото прашање. Прашањето кое секоја жена може само да го посака од љубениот. Одговорот беше Да засекогаш.
Свадбениот ден беше навистина и најубавиот ден, забавата ја правевме во х.Центро Палас во Куманово. За забавата, која беше фантастична се погрижија Анета Љумаковска со Премиер бенд.
Фото Визија ги зачуваа нашите спомени и беа навистина креативни и посветени.
Мојата венчаница ја одбрав на “саемот за венчавки” креација од атељето Жана Брајдл. Иако редицата за проба беше навистина долга, мојата љубов кон таа прекрасно венчаница беше незамислива, нереална.. Додека чекав да пробам, непрестано се замисливува во неа .
Кога ја облеков и се видов во огледало доживеав незаборавно чувство, баш онака како што се замислував во моите детски сништа.
Им благодарам на двете прекрасни дами од Атеље Жана за мојот остварен сон.
Ти благодариме и ние тебе драга Андријана за убавиот текст и ви посакуваме многу среќа и прекрасен брак на тебе и Милан. Ве сака вашата Во Бело