November 5, 2024

Прекрасната водителка на Сител телевизија, Сања Савевска следната година ќе облече венчаница. Сепак оваа вест се однесува на Саемот за венчавки каде убавата и шармантна водителка е домаќин и пр настанот.

Соња Савевска за атеље Соња-Марија
Соња Савевска за атеље Соња-Марија
Во периодот од 23-25 февруари во х.Александар Палас ќе се одржи традиционалниот “Wedding Expo” по 12ти пат.
Овој најголем и најбитен настан во светот на свадбената индустрија во Македонија ќе донесе многу новитети и огромен избор за идните младенци. Новите колекции на венчаници за 2024 од најдобрите дизајнери од Македонија но и светски познати брендови ќе бидат достапни и со специјална понуда, а декоратерите и флористите кои ќе бидат присутни на саемот ќе ја покажат магијата на декорирањето.
На саемот ќе има буквално се од венчаници, ресторани, фотографи, свадбени бендови, накит и бурми, декоратери, машки костуми, подароци, покани и др. т.е се што е потребно за да ја организираш свадбата.

Сања ќе биде домаќин и водител и на десетина индивидуални ревии на кои ќе се испрезентираат венчаници и свечени тоалети наменети за девериците и најблиските. Во делот на програмата следете ја нашата веб страна или инстаграм профилот за да дознаете кои познати личности ќе го отворат саемот носејки венчаница на специјалната ревија “Познатите во венчаници” како и кои ревии и кога ве очекуваат во сабота и недела.
Се на се саемот ќе изобилува со понуда но и со многу изненадувања и подароци за посетителите (на минатиот имаше награда и венчаница) како свадбени викенди, вредносни ваучери.
Секако не заборавајте да аплицирате за нашата шопинг картичка која ќе ви овозможи попуст кај сите наши изложувачи, а се што мора да направите е да ни пишете на нашиот меил vobelo.com@gmail.com contact@vobelo.mk и да го пишете вашиот датум на свадба и локација.
Се гледаме на саем, а најдобро е да ја тагнете вашата другарка, роднина или блиска која ќе прави свадба во 2024 за да не го пропушти најголемиот и најубавиот саем за венчавки.