тејлор 1

 

Првото појавување на Тејлор Свифт како сопруга, сите гледаа во еден детаљ

Тејлор Свифт и Тревис Келси повторно се појавија заедно во Њујорк, овојпат на едно од нивните први вечерни излегувања како брачна двојка.

Парот вечераше во Ambassadors Clubhouse во NoMad, а вниманието, очекувано, повторно го привлече Тејлор.

Таа избра елегантен фустан од Stella McCartney, во комбинација со луксузни модни додатоци и новата пократка фризура која ја носи последниве недели. Модните медиуми особено го издвојуваат нејзиниот маникир и накитот, како детали кои целосно го заокружија изгледот.

Тревис, пак, остана во својот препознатлив лежерен стил, со кошула, панталони и патики.

По свадбата во јули, двајцата ретко се појавуваа заедно во јавноста, па ова вечерно излегување веднаш го привлече вниманието на фановите и модните медиуми.

Едно е сигурно, Тејлор и како сопруга останува под истото модно лупање како и досега.

 

About The Author