Сандра & Слободан
СВАДБА НА МЕСЕЦОТ: САНДРА & СЛОБОДАН
Секоја љубовна приказна е уникатна, но нашата започна на магичното место – Охрид, град симбол на љубовта и вечната романтика. Токму таму го имавме првиот состанок, а по неколку години, на истото место, Слободан (Бобо) ме побара за жена. Судбината си го знаеше патот.
Локација и црковен чин
Нашиот најсреќен ден, 26.04.2025, го прославивме во софистицираниот амбиент на DoubleTree by Hilton Skopje. Врвната атмосфера и професионалниот тим на хотелот, заедно со нашите организатори, осигураа совршенство од почеток до крај. Декорацијата, исполнета со свежо цвеќе и топли бои, беше дело на Lily & Co Floral Studio, додавајќи љубов и елеганција. 
Црковниот чин се одржа во Соборниот храм во Скопје, место полно со духовна убавина и емоции што ќе ги чуваме засекогаш.
Изборот на Венчаницата од соништата
Мојата венчаница беше ремек-дело од ателјето Жана – бренд што отсекогаш го обожував. Кога ја облеков, знаев дека е совршена за мојата душа. Со нивната љубезност, професионализам и внимание кон секој детал, тие го направија моето патување незаборавно, исполнето со смеа, љубов и уникатни моменти.
невестински фустан дизајн Атеље Жана
Прочитај повеќе
Атељето Жана со нова колекција на Wedding Expo Skopje 26″

невестински фустан дизајн Атеље Жана
Музика, атмосфера и прв танц
Забавата ја предводеа Duo Dis ft. Band, подигнувајќи ја атмосферата до небо со музика, смеа и танци. Првиот танц беше вистинска бајка, благодарение на талентираниот кореограф Илија Карадакоски од Eat the Beat Dance Studio, кој со трпение и страст ни помогна да создадеме момент како од филм.

невестински фустан дизајн Атеље Жана
Од срце благодариме
Најголема благодарност до нашите семејства и пријатели кои беа покрај нас, споделувајќи ја нашата среќа. Ви благодариме што го направивте нашиот ден уште поубав, исполнет со љубов, насмевки и спомени што ќе ги чуваме цел живот.