Селена Гомез го претвори зајдисонцето во маникир: „Sunset frost“ е најнежниот тренд на есента
На Еми 2026, Селена Гомез блескаше во златна тоалета, но еден многу посуптилен детаљ привлече посебно внимание — нејзиниот маникир.
Нејзиниот nail artist Tom Bachik го нарече изгледот „sunset frost“, а инспирацијата навистина изгледа како последните минути од зајдисонце: бисерно розова база со праска, златен отсјај и меко иридесцентно светкање.
Ноктите се менуваат зависно од аголот и изгледаат топло, сјајно и многу „скапо“.
Маникирот бил намерно нежен, за да не се натпреварува со нејзината златна Louis Vuitton тоалета, накитот и мекиот glam. Наместо силна боја или сложен nail art, ефектот доаѓа од светлината — ноктите се менуваат зависно од аголот и изгледаат топло, сјајно и многу „скапо“.
За изгледот биле нанесени два слоја од Essie „Frost Yourself“, blush-pink лак со златен shimmer, а потоа top coat и масло за кутикули за дополнителен сјај. 
„sunset frost“
Токму затоа „sunset frost“ лесно може да стане еден од најносените маникири оваа есен — доволно елегантен за свадба или свечен настан, а доволно нежен и за секој ден.
Најубаво изгледа на кратки до средно долги нокти со чиста, заоблена форма, бидејќи тогаш фокусот останува на бисерниот сјај и топлите рефлексии.
И можеби токму тоа е причината што изгледот на Селена функционира толку добро: не вика, туку светка.