сси

Сидни Свини во Венеција: Прво проѕирна чипка, потоа vintage Chanel – и двата изгледи кренаа прашина

Сидни Свини пристигна на Венецискиот филмски фестивал и уште пред да зачекори на официјалниот црвен тепих успеа да стане една од најкоментираните модни ѕвезди на Лидо.

28-годишната актерка, која годинава во Венеција престојува и како амбасадорка на Armani Beauty, за само неколку часа покажа две сосема различни модни лица – едното провокативно и модерно, другото инспирирано од гламурот на осумдесеттите.

Првото појавување – чипка што не остава многу на фантазијата

За пристигнувањето во Венеција, Сидни избра архивски модел од Georges Chakra од колекцијата пролет 2003.

Нежниот топ во nude нијанса беше изработен од речиси целосно проѕирна цветна чипка, со висок врат, волани и отворени страни. Наместо со класично здолниште, актерката го комбинираше со широки беж бермуди до колена, создавајќи интересен контраст меѓу романтичната чипка и опуштениот крој.

На нозете носеше Gianvito Rossi Sofia Mule 95 со проѕирни ремчиња, кои од далечина создаваа впечаток дека оди речиси боса.

Мала Fendi чанта, очила за сонце и дискретен накит го заокружија изгледот.

Комбинацијата веднаш предизвика реакции на социјалните мрежи – што и не е изненадување. Сидни веќе одамна знае како од едноставно пристигнување на фестивал да направи моден момент.

Сидни Свини
Сидни Свини

Неколку часа подоцна – Chanel од 1987 година

Но вистинското изненадување дојде вечерта.

За излегување во Венеција, актерката се појави во бел архивски Chanel фустан од колекцијата пролет/лето 1987, набавен од vintage архивата Raffe Vintage од нејзината стилистка Athina Arostegui.

Фустанот има длабоко срцевидно деколте, прилепен горен дел и лесна бела силуета која веднаш потсетува на класичниот Chanel гламур од времето на Карл Лагерфелд.

Иако моделот е стар речиси четири децении, на Сидни изгледа како да е создаден денес.

Токму тоа е уште еден доказ дека архивската мода станува сè поважна на црвените теписи – познатите повеќе не бараат секогаш само нов фустан, туку парче со историја кое никој друг во моментот не го носи.

Два изгледи, една јасна порака

Интересно е што и двата стајлинга се архивски.

Georges Chakra од 2003 година преку ден, Chanel од 1987 година навечер.

Наместо да ја користи Венеција само како место за промоција на најновите колекции, Сидни Свини практично направи мала модна прошетка низ минатото – но на начин што изгледа целосно современо.

А тоа можеби ќе биде и еден од поголемите трендови на годинашниот фестивал:

најинтересниот фустан не мора да биде нов.

 

About The Author