June 20, 2026
„Скопје повторно домаќин на најголемиот свадбен настан – Wedding Expo 2026“

Подгответе се за најмагичниот викенд на годината – најголемиот и најпосетен саем за венчавки на Балканот доаѓа со своето 14-то издание.

Wedding Expo Skopje 2026 – 14. издание
20–22 февруари 2026
Хотел „Александар Палас“, Скопје

Три дена исполнети со:

Над 1000 венчаници од светски и домашни дизајнери .

Најреномирани брендови за машки костуми, обувки и додатоци.

Сѐ за свадбата на едно место: декоратери, фотографи, покани, музичари, торти, кетеринг и уникатни подароци.

Богата програма: модни ревии, настапи во живо, презентации, лотарија за идните невести и уште многу изненадувања.

Саемски попусти – со бесплатната шопинг-картичка добивате ексклузивни попусти кај изложувачите во текот на целата сезона.

Програма:

Петок, 20 февруари – Отворање во 18:00 часот и гламурозна модна ревија „Познатите во венчаници и костуми“.

Сабота, 21 февруари – Целодневни ревии, музички настапи, промоции и изненадувања.

Недела, 22 февруари – Целодневни ревии, музички настапи, промоции и изненадувања. Големото финале со доделување на статуетките за најдобрите изложувачи.

Пепика со моделите Марија и Христина
Пепика со моделите Марија и Христина

Со секоја карта добивате ексклузивен каталог и свадбен планер.

Wedding Expo Skopje е вистинската бајка што започнува со „Да“. Повикајте ги кумовите, пријателите и семејството и дојдете на најромантичниот саем во регионот. За повеќе информации и можност да бидете изложувач пишете ни на contact@vobelo.mk

About The Author

19 thoughts on “„Скопје повторно домаќин на најголемиот свадбен настан – Wedding Expo 2026“

  1. Pingback: Во Бело

Comments are closed.