Венчавка според хороскоп: идеи + мини чеклист за секој знак
Ако сакаш инспирација „по ѕвезди“, еве како секој знак го замислува совршениот „да“ — плус брзи чеклисти (локација • музика • декор) за полесен избор.
Сакаш сè на едно место?
На Wedding Expo ’26 ќе најдеш секаков избор: венчаници, одела, накит, декор, цвеќе, торти, бенд/диџеј, фото/видео, покани, локации и салони — со саемски цени и резервации на лице место.
Овен: егзотика и адреналин
Оригинален и храбар: под вода, rooftop со зајдисонце, терен за голф… приказна што се памети.
- Локација: плажа/rooftop/сафари-резорт
- Музика: live бенд со енергичен поп/рок
- Декор: силни акценти, неон, огномети
Бик: природа, вкус и удобност
Лозје, планински имот или луксузен хотел со врвно мени.
- Локација: винарија/ранч/градинa
- Музика: classy бенд, јазз квартет
- Декор: топли тонови, свeќи, зелениило
Близнаци: друштво над сè
Ретро шарм и танц до зори; странство — само со целото друштво.
- Локација: историски салон/тенденција ретро
- Музика: диџеј + гост-изведувач
- Декор: фото-ќоше, интерактивни игри
Рак: домашна романтика
Градина, ливада или семеен имот; грижлив протокол и вкусна трпеза.
- Локација: приватна градина/country house
- Музика: акустика/балади
- Декор: пастел, ретро порцелан, фамилиски детали
Лав: сјај и совршенство
Пет ѕвезди, тропска плажа или grand ballroom — целосен glam.
- Локација: луксузен хотел/тропска плажа
- Музика: „full band“ + сценски моменти
- Декор: кристали, огледала, високи аранжмани
Девица: еко и беспрекорна организација
Еко-имот, природни материјали, чиста линија и паметен буџет.
- Локација: еко имот/ботаничка градина
- Музика: камерно трио/акустика
- Декор: лен, дрво, рециклабилни материјали
Вага: романтика со стил
Замок, брод на зајдисонце или тренди ресторан со хармонија во детали.
- Локација: замок/круиз/арт-ресторан
- Музика: евергрини + струнски квартет
- Декор: симетрија, рози, свила
Шкорпија: приватност над сè
Приватни имоти со максимална дискреција; ако не — бегство во двојка.
- Локација: приватна вила/secluded resort
- Музика: минималистички сет/плејлиста
- Декор: темни тонови, свеќи, загадочен светлосен дизајн
Стрелец: далечни хоризонти
Сафари, Дубаи, Алпите — екстравагантна приказна и слобода.
- Локација: дестинациска авантура
- Музика: world/fusion бенд
- Декор: етно акценти, топли метали
Јарец: достоинствена традиција
Црковна церемонија, бела венчаница, прием со најблиските под елегантен шатор.
- Локација: црква + градинска сала
- Музика: класика + елегантен бенд
- Декор: бело-злато, класични аранжмани
Водолија: што понеобично — толку подобро
„Да“ во балон, под вода или на rooftop со арт перформанс.
- Локација: балон/rooftop/подводен сетинг
- Музика: indie/electro live
- Декор: неон, геометрија, интерактивни инсталации
Риби: вода, музика и емоција
Плажа, брод или приморско одморалиште — нежност и танц.
- Локација: плажа/марина/круиз
- Музика: романтични балади + сакс
- Декор: морски мотиви, пастел, светилки
Како да го заокружиш изборот?
Помисли што сакаш да чувствуваш на денот — авантура, романтика, традиција или градски шик — и потоа на EXPO ’26 спореди понуди на едно место и резервирај термини со попусти.
